Пласманот во Катар ќе се вреднува со 12 милиони долари

Пласманот во Катар ќе се вреднува со 12 милиони долари

пред 4 години

Светската фудбалска федерација (ФИФА), објави дека ќе подели рекордни награди за пласман на Светското првенство во Катар. Победникот на Мундијалот ќе заработи 50 милиони долари. Секоја репрезентација што ќе се квалификува на турнирот, од ФИФА ќе добие 10 милиони долари, плус бонус од 2 милиони долари за спроведување на подготовките.

ФИФА, објави дека наградниот фонд за СП во 2022 година ќе изнесува 700 милиони долари, што е зголемување од 22 отсто во однос на претходниот Мундијал во Русија.

Дополнително ќе биде одреден износот за осигурувањето на играчите и надоместот што ќе го добијат клубовите.

Победникот ќе инкасира 50 милиони долари, што е за 12 милиони долари повеќе од сумата што ја добија Французите кои ја освоија титулата во Русија.

ФИФА, пласманот во осмина-финалето ќе го награди со 2 милиони долари, а четврт-финалистите ќе заработат дополнителни 6 милиони долари.

Полу-финалистите вкупно ќе заработат 25 милиони долари, селекцијата која ќе го освои третото место од турнирот ќе си замине со 30 милиони долари. Вице-првакот од ФИФА ќе добие 40 милиони долари, а шампионот 50 милиони долари.

Македонија, во квалификациите ќе игра против Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Share
Scroll to Top