Побогата е од Ѓоковиќ, Надал и Федерер заедно и приреди сензација на Ју-ес опен

Побогата е од Ѓоковиќ, Надал и Федерер заедно и приреди сензација на Ју-ес опен

пред 3 месеци

Ема Наваро, втор пат во два месеци успеа да ја елиминра Коко Гоф. Изминатата ноќ во Њујорк, Наваро ја порази во осминафиналето актуелната шампионка на Ју-ес опен. Наваро два месеци претходно, на Вилмблдон ја победи Наоми Осака, а потоа во осминафиналето славеше против Гоф.

Наваро пред два месеци беше главна приказна на Вимблдон не поради победите над Осака и Гоф, туку затоа што е побогата од Ѓоковиќ (184 милиони долари заработка во кариерата), Надал (134) и Федерер (130) заедно. . Како е тоа можно, кога се знае дека во кариерата има само една титула, а од турнирите заработила 2.300.000 долари?

Ема е ќерка на Бен Наваро, банкар и инвеститор од чие богатство е проценето на 3,5 милијарди долари. Таткото милијардер во чекор ги следи напорите на неговата ќерка да се пробие во Топ 10.

Таа оваа година игра во добра форма, го освои првиот и досега единствен турнир во Хобарт, Австралија на почетокот на годината. Инаку, нејзиниот дедо бил американски фудбалер и тренер.

Share
Scroll to Top