Повредата, а не парите, го оддалечи Надал од турнирот во Акапулко

Повредата, а не парите, го оддалечи Надал од турнирот во Акапулко

пред 3 години

Карлос Коста, ги открил причините зошто Рафаел Надал, нема да ја брани титулата на турнирот во Акапулко. Менаџерот на шпанскиот тенисер, на овој начин им одговорил на организаторите на турнирот, кои рекоа Надал за учество на вакви турнири барал од 500.000 до 1.000.000 долари, а поради финансиската ситуација тие толку пари во буџетот немале.

Карлос Коста, рекол дека Надал има проблем со повредата на грбот и дека поради тоа го откажал настапот не само во Акапулко туку и во Ротердам.

„Рафа од Австралија се врати со повреда на грбот и се уште е на рехабилитација. Јасно е дека неговото недоаѓање нема врска со она што го наведоа организаторите на турнирот“, рекол Коста.

Share
Scroll to Top