Повредата и Џонс посилни од Ивановски – Македонецот елиминиран од Вимблдон

Повредата и Џонс посилни од Ивановски – Македонецот елиминиран од Вимблдон

пред 3 години

Калин Ивановски не успеа да се пласира во полу-финалето на Вимблдон, во јуниорска конкуренција. 17-годишниот Ивановски, во четврт-финалето загуби од седмиот носител Џек Пининготн Џонс со 5/7, 0/6.

Мечот на теренот број 3, траеше 63 минути. Финишот на првиот сет го одреди понатамошниот тек од мечот. Џонс, успеа да направи брејк во 11 гем, во наредниот Ивановски имаше шанса, но не успеа да возврати со ри-брејк.

Британецот за 35 минути го доби првиот сет со 7/5.

Падот во играта на Ивановски, Џонс го искористи на стартот од вториот сет, направи брејк, потоа без проблем го освои својот сервис, а со нов брејк дојде до огромна предност од 3/0.

Во последниот поен од третиот гем, Ивановски се повреди. Се пожали на болки во колкот и препоната. Доби медицинска помош, не сакаше да се откаже, иако не можеше добро да се движи.

Џонс доби уште три гема и се пласираше во полу-финалето.

На крајот, покрај повредата со која се соочи Ивановски, победникот го решија неизнудените грешки. Ивановски направи 17 повеќе од противникот (25/8). Двајцата има по 14 директни поени.

Share
Scroll to Top