Повредата на Пике ја зголемува кризата во Барса

Повредата на Пике ја зголемува кризата во Барса

пред 4 години

Лошата сабота за Барселона стана полоша со повредата на Жерард Пике, за која Каталонците уште се „тресат“ и која може да го отстрани од терените подолго време.

Не беше доволно што Барса го има најлошиот старт на една шпанска сезона од 1991/92, туку сега тимот се соочува со дефанзивна криза, посебно бидејќи и Серхи Роберто доби незгоден удар.

33-годишниот Пике го напушти теренот во солзи, и иако првите вести од Барса велат дека се работи само за мала повреда, потребни се медицински тестови за да се утврди колку навистина е сериозна повредата. Барса има само три централни бека во тимот – Пике, Клемен Ленгле и Роналд Араухо.

Share
Scroll to Top