Тајсон Фјури чека шесто дете: Сите сами за себе ќе си заработуваат леб!

Тајсон Фјури чека шесто дете: Сите сами за себе ќе си заработуваат леб!

пред 3 години

Боксерот Тајсон Фјури (32) изјави дека со сопругата Парис го чекаат нивното шесто дете. Имаат три сина и две ќерки, а најмладиот е Принц Адонис Амазијах роден во 2019 година.

„Имам прекрасна жена и здрави деца. Тоа е најважната работа, здравјето на семејствоо, ништо друго не е важно. Работа, пари, кариера, ништо од тоа не е важно, единственото што не можете да го добиете назад е изгубеното време со семејството“ порача популарниот „Џипси кинг“.

И сподели на јавноста како се носи со секојдневните предизвици во одгледувањето на децата. Вели дека не сака се да им овозможи затоа што планира да ги научи нормално да живеат и сами да си заработуваат в иднина.

„Многу ми е битно да се држам до традицијата и да имам многу деца. Децата мора да научат колку е тешко да се заработува. Ако ме видат мене како само трошам и живеам како филмска ѕвезда, ќе мислат дека тоа е единствено нормално. Мораат да заработуваат од нормална работа, 200-300 фунти неделно, битно е колку и да заработуваат нивните умови да не се `загадени` од родителите милионери. Моите деца не одат во приватно училиште, туку во нормално, како и сите останати“ заклучи боксерскиот шампион.

Share
Scroll to Top