Погба за рекордна плата ќе остане на „Олд Трафорд“

Погба за рекордна плата ќе остане на „Олд Трафорд“

пред 3 години

Пол Погба, до краот на годината ќе го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, тврди „Атлетик“. Договорот на францускиот фудбалер истекува по завршувањето на сезоната. Доколку потпише нов договор, Погба, ќе добие рекордна плата.

Долго траат шпекулациите каде Погба ќе ја продолжи кариерата. Играчот кого договорот го врзува за Манчестер јунајтед до 30.јуни 2022 година, француските медиуми го селат во ПСЖ, а шпанските во Реал Мадрид.

„Атлетик“, тврди дека тој ќе остане на „Олд Трафорд“. Активностите кои Јунајтед ги спроведе летово, на трансфер пазарот, го убедиле Погба дека клубот има сериозна намера да ја освои Премиер лигата.

Доколку го потпише нов договор, неговата неделна плата ќе изнесува 470.000 фунти, со што ќе стане играчот со најголема плата во клубот.

Погба оваа сезона игра одлично, во првите четири кола забележа седум асистенции. За споредба, минатата сезона ја заврши со само пет асистенции во Премиер лигата.

Share
Scroll to Top