Погба: Мурињо оди против своите играчи, Солскјер тоа никогаш не би го направил

Погба: Мурињо оди против своите играчи, Солскјер тоа никогаш не би го направил

пред 3 години

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, во интервју за „Скај спорт“, жестокот го критикувал поранешниот менаџер на клубот, Жозе Мурињо. Погба и Мурињо не се „мирисаат“, од моментот кога фудблерот испадна од првиот тим на Манчестер јунајтед.

„Имамв одличен однос со Мурињо, сите тоа можеа да го забележат и одеднаш нешто се случи. Тоа се тие чудни работи во врска со него, не можам да објаснам, ништо не ми беше јасно“, рекол Погба, а потоа го споредил Мурињо со актуелниот менаџер, Оле Гунар Солскјер.

„Поинаков е односот со Солскјер, тој никогаш не би одел против играчите. Можеби Оле нема да одбере некого, но никогаш нема да го отфрли, не го турка во страна како повеќе да не постои. Тоа е разликата помеѓу нив двајца. Методите на Солскјер делуваат бидејќи со играчите знае да воспостави вистинска врска“, рекол Погба, а потоа го посочил проблемот што во минатото со Мурињо го имал Лук Шо.

„Секој тренер има свој начин на работа со фудбалерите, вие како играч морате да се прилагодите на тие методи. Некогаш тоа ви одговара, некогаш не. Оле многу му помогна на Лук Шо, кој под Мурињо имаше тешка сезона. Шо докажа дека има квалитет, тој квалитет никогаш не е спорен ако ја има довербата од менаџерот“.

Share
Scroll to Top