Погба си призна: Сон ми е да играм за Реал Мадрид

Погба си призна: Сон ми е да играм за Реал Мадрид

пред 4 години

Пол Погба уште еднаш ја стави својата иднина во Манчестер јунајтед во неизвесност, откако призна дека секогаш му било сон да игра за Реал Мадрид.

Околу Французинот подолго време има шпекулации дека сака да замине од „Олд Трафорд“, иако Јунајтед платија 100 милиони евра на Јувентус во 2016 година да го вратат во клубот. 27-годишниот Погба беше критикуван последните сезони за слабите перформанси, но во текот на летото изјави дека би сакал да се докаже во клубот по сериозната повреда на скочниот зглоб во 2018/19.

Сега, додека е на „служба“ со француската репрезентација, тој призна дека би сакал да работи под сонародникот Зинедин Зидан во ралскиот клуб.

„Сите ги слушнавме работите кои беа кажани. Што да додадам? Да, сите фудбалери би сакале да играат за Реал Мадрид. Тоа е сон. Сон и за мене, зошто да не се случи еден ден? Сега, играм за Манчестер јунајтед и го сакам мојот клуб. Сакам да го вратам клубот на местото каде што припаѓа и ќе го дадам максимумот, како сите мои соиграчи. Засега не сум зборувал со Ед Вудворд за обновување на договорот, но играч сум на Јунајтед и мислам само на враќање во вистинската форма“, вели Погба.

Share
Scroll to Top