Томас Тухел ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната. Клубот од Минхен е на второто место во Бундеслигата, има осум поени помалку од Баер Леверкузен, има негатива д еден гол против Лацио по првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Поради лошите резултати Тухел ќе си замине една одина пред истекот на договорот.
Баерн, бара нов тренер, а меѓу најголемите желби му е тренерот на Баер, Чаби Алонсо. Шпанецот на клупата на тимот на Леверкузен седи од август 2022 година и оваа сезона бележи фантастични резултати.
Тој е лидер во Бундеслигата без ниту еден пораз, избори пласман во полуфиналето на Купот на Германија, а го чека осминафиналето од Лигата на Европа против Карабаг.
Алонсо има договоро со „фармацевтите“ до 2026 година, но инсајдерот на „Скај спортс Германија“, Флоријан Плетенберг, тврди дека не би имал ништо против ако на лето го преземе Баерн. Според овој извор Алонсо ги започнал преговорите со Баерн.
Плетенберг наведува дека 42-годишниот Алонсо нема излезна клаузула во договорот, но има усно ветување од раководството на Баер дека ќе го пушти доколку пристигне соодветна понуда од Баерн или Ливерпул.
Со оглед на тоа што нема клаузула во договорот, Баерн и Баер би морале да се договорат за обештетувањето. Според „Скај спортс Германија“, Баерн би требало да плати меѓу 15 и 25 милиони евра за да го добие Алонсо ова лето.
Доколку во иднина решат да преговараат за оваа зделка, тогаш ќе важи излезната клаузула од 15 милиони евра.
Покрај Алонсо, Баварците размислуваат и за тренерот на Брајтон, Роберт Де Зерби.