Хаос на Австралија опен – дозна дека е позитивен пред последниот гем од мечот!

Хаос на Австралија опен – дозна дека е позитивен пред последниот гем од мечот!

пред 3 години

Квалификациите за првиот гренд слем од новата тениска сезона, Австралија опен донесоа бизарна ситуација во која американскиот тенисер Денис Кудла и покрај тоа што победи, беше дисквалификуван откако во текот на мечот беше потврден неговиот позитивен тест на КОВИД-19.

Кудла водеше со 6:4/5:3 против Мароканецот Елиот Беншетрит, кога беше дознат позитивниот тест, и бидејќи Американецот го освои гемот, тој победи со 6:4/6:3. Доколку Беншетрит го освоеше гемот, мечот ќе беше прекинат и тој ќе одеше во последното квалификациско коло

„На 5:3 добија резултат. Да го освоев гемот и да беше 5:4, тогаш ќе одев понатаму. Тестовите треба да ги кажуваат пред мечот, а не да ги стасваат сите во опасност. Исто така има луѓе кои патуваа тука за ништо“, вели Беншетрит.

Светскиот број 144., Кудла, пак сега оди директно во карантин.

Во аут со позитивен тест е и Аргентинецот Франциско Керундоло, кој требаше да игра со Шпанецот Марио Вилелја Мартинез, но го доби тестот пред да излезе на терен.

Share
Scroll to Top