Половина лига се клади во нелегални обложувалници – „Кралот на папараците“ откри нови имиња

Половина лига се клади во нелегални обложувалници – „Кралот на папараците“ откри нови имиња

пред 7 месеци

Скандалот во Серија А не стивнува, бројни фудбалери кои настапуваат во италијанското првенство изминативе денови се обвинети дека незаконски се обложувале на тамошни натпревари, меѓу другото и на натпревари на кои биле актери.

Прво „падна“ Николо Фаџоли од Јувентус, па репрезентативците Сандро Тонали и Николо Заниоло и на крај полскиот репрезентативец Никола Залевски. Сега на списокот се уште тројца познати фудбалери.

„Кралот на папараците“ Фабрицио Корона испорача на јавноста во Италија нови имиња на фудбалери за кои тврди дека се обложувале на фудбалски натпревари преку нелегални веб-страници, поради што во иднина би можеле да бидат суспендирани.

Според него, станува збор за Стефан Ел Шарави од Рома, како и Никола Касале од Лацио и Федерико Гати, уште еден играч на Јувентус.

Исто така, контроверзниот Корона откри дека во блиска иднина ќе се појави видео во кое Николо Заниоло и уште тројца професионални фудбалери разговараат за обложување, односно вложување огромни суми пари на натпревари. Според одредени информации од Италија, Заниоло ги користел и сметките на своите пријатели за обложување, преку кои плаќал тикети, но Фудбалскиот сојуз на Италија не прави разлика меѓу тие два прекршоци.

Засега е познато дека Фаџоли доби седуммесечна суспензија, а најмногу проблеми би можел да има Сандро Тонали. Тој, како и младиот Залевски, се обложил на натпреварите на кои играл, што може да предизвика многу поголема казна за фудбалерот кој во летниот реоден рок ја напушти Италија и се пресели во Англија каде го носи дресот на Њукасл.

Прашање е што знае Корона, но и италијанскиот суд за останатите играчи кои се вмешани во овој скандал.

Се зборува за десетици фудбалери кои ги прекршиле правилата, но и милионски суми кои се вртеле.

Сè ќе стане малку појасно во наредните денови, најмногу поради сведочењето на Сандро Тонали, кој би можел да ги открие досега непознати детали во овој случај.

Share
Scroll to Top