Полскиот олимписки тим однел 23 пливачи во Токио – 6 морале да се вратат

Полскиот олимписки тим однел 23 пливачи во Токио – 6 морале да се вратат

пред 3 години

Кардинална грешка на полскиот олимписки тим пред почетокот на ОИ во Токио. По грешка одбрале повеќе пливачи за Игрите, а шестмина од нив морале да се враќаат дома без да настапат на ОИ.

Полска одбрала 23 пливачи за претстојното натпреварување, па бројката морала да се намали на 17, на основа на правила за квалификации за Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), пренесе „ББС“.

Претседателот на Пливачкиот сојуз на Полска, Павел Сломински се извинил и рекол дека го разбира бесот на пливачите кои мораат да се вратат во татковината без настап во Токио.

„Изразувам големо жалење, тага и горчина поради настанатата ситуација. Такво нешто не смееше да се случи, реакцијата на пливачите, нивните емоции и нападот врз Сојузот се разбирливи и оправдани“ навел Сломински во соопштението.

Сломински рекол дека грешката е направена „во желба што поголем број спортисти и тренери да можат да учествуваат на Игрите“.

Една од шестмината врате спортисти – Алисја Тош која учествуваше на Игрите во 2012-та и 2016-та е крајно револтирана.

„Замислете да посветите 5 години од животот и да тежнеете на новиот почеток на најважното спортско случување, да се откажете од приватен живот и работа, да го жртвувате семејството, а таа посветеност да резултира со потполн неуспех“ напишала на социјалните мрежи.

Во отворено писмо поголемиот дел од олимпискиот пливачки тим на Полска бара оставки од раководството на Сојузот.

Share
Scroll to Top