Борусија Дортмунд ја намалија цената која ја бараат за трансфер на Џејдон Санчо на 90 милиони евра од фантастичните 125 милиони евра минатото лето, но од Англија доаѓаат вестите дека Манчестер јунајтед одеднаш се „оладија“ за овој трансфер.
21-годишниот Британец доби дозвола за трансфер од Дортмунд под „одредени услови“, а не би сакал да има сага околу можен трансфер минатиот летен преоден рок. „Ѓаволите“ лани дадоа последна понуда од 85 милиони евра плус 17.5 милиони евра во бонуси, но Дортмунд објавија дека не го продаваат за помалку од 125 милиони евра.
Јунајтед остануваат први фаворити за неговиот потпис, но останува да се види дали Солскјер ќе има опција да го донесе Хери Кејн од Тотенхем за слична сума, иако Кејн е шест години постар од Санчо. Друга опција секако се Ливерпул и Челси, но ниту тие не се подготвени за големи трансфери ова лето, посебно во Челси, откако лани потрошија 250 милиони евра.