Пораз на подмладената Македонија од Србија

Пораз на подмладената Македонија од Србија

пред 3 години

Македонската Б-репрезентација, во контролен натпревар во Ниш, доживеа пораз од Србија 26:29 (15:18).

Репрезентацијата која и се спротивстави на Србија, беше составена од играчи кои немаат голема минутажа во А-тимот и од играчи од домашното првенство.

Србите мечот го отворија со 4:0 и 8:2, но Македонија успеа да се врати во мечот, да намали на два гола (11:9),. На полувреме Србите водеа со 18:15.

Во вториот дел Србите два пати имаа предност од пет гола, 24:19 и 28:23, со што решија прашањето околу победникот.

Најефикасен кај Македонија беше Кузмановски со седум гола, по три гола постигнаа Јагуриновски, Костески и Симоновски.

Македонија и Србија утре од 16 часот ќе одиграат уште еден натпревар.

Share
Scroll to Top