Поранешниот австриски репрезентативец Караман застрелан на улица во Виена!

Поранешниот австриски репрезентативец Караман застрелан на улица во Виена!

пред 2 години

Поранешниот австриски репрезентативец, Волкан Караман е убиен во центарот на Виена по расправија со неидентификуван човек, кој потоа сам се самоубил, јавуваат австриските медиуми.

Според новинската агенција „АПА“, 43-годшниот Караман бил застрелан од 46-годишен човек напладне по кратка расправија, по што го свртел пиштолот кон сопствената глава.

Караман, кој има турско потекло и е роден во Виена на 10 октомври 1979 година, беше талент на тимот на Австрија Виена, и на само 15 години направи трансфер во Феенорд, а играше и за Ексцелзиор Ротердам, Трабзонспор и Ерзурумспор. Караман имаше и три настапи за австриската репрезентација, а потоа играше и за Ред бул Салцбург, ЛАСК Линц и Пашинг пред да се пензионира. Потоа, тој работеше како тренер и спортски директор во повеќе нисколигаши во Виена, последен пат во Карабаг Виена во 2018 година.

Share
Scroll to Top