Поранешниот кошаркар на Далас Маверикс, Шон Бредли, ветеран од 12 НБА сезони, остана парализиран откако на 20 јануари 2021 година бил удрен со автомобил додека возел велосипед, потврдија од НБА клубот.
Бредли бил удрен одзади од автомобил во близината на неговиот дом во Сент Џорџ, Јута, добивајќи повреда на ‘рбетниот столб која го оставила без можност да прооди. Тој ги поминал последните осум недели во болница, и сега почнува со рехабилитацијата.
48-годишниот Бредли, кој е член на Мормонската црква, две години бил мисионер во Австралија по што Филаделфија сиксерс го избраа како втор избор на драфтот во 1993 година. Поголемито дел од кариерата тој го помина во Далас.
Our thoughts are with Shawn and his family at this time. #MFFL pic.twitter.com/u42LcDRmQ1
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) March 17, 2021