ЦСКА Москва потврди дека за нов тренер клубот го именувал Ивица Олиќ. Славниот руски клуб на Твитер ја објави оваа информација.
Олиќ е поранешен играч на ЦСКА, во периодот од 2003 до 2006 година одиграл 116 натпревари, на кои постигнал 44 голови. СО ЦСКА освоил три титули во Русија, два во Купот, а учествувал и во освојувањето на Купот на УЕФА.
Еден од помошниците на хрватскиот селектор Златко Далиќ, на функцијата го наследи Виктор Гончаренко. ЦСКА, во моментов, се петти во руското првенство.
Преземањето на ЦСКА значи дека Олиќ ќе мора да ја напушти репрезентацијата на Хрватска.
„Ја има мојата поддршка. Тоа е предизвик за него и за хрватскиот фудбал“, рекол селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.
Ivica Olić is #CSKA head coach! ?? https://t.co/JBXBSSZfMD pic.twitter.com/i8Udnq5770
— PFC CSKA Moscow (@PFCCSKA_en) March 23, 2021