Потврда од Челси: Му врачивме отказ на Лампард

Потврда од Челси: Му врачивме отказ на Лампард

пред 4 години

Фудбалскиот клуб Челси, потврди дека тренерот Френк Лампард добил отказ. Лампард 18 месеци ги предовеше „сините“ од Стенфорд Бриџ.

„Благодарност до Лампард за се она што направи за клубот. Не сме задоволни од резултатите и од тоа што клубот се наоѓа на средина на табелата, не сме задоволни од она што е остварено сезонава. Поради тоа решивме да се разделиме. Не постои вистинско време да се разделите со клупска легенда, но одлуката е така каква што “, се наведува во соопштението.

Нов тренер на Челси ќе биде Германецот Томас Тухел, кој пред еден месец доби отказ на клупата на ПСЖ.

Сопственикот на Челси, Роман Абрамавич, во летниот преоден рок, вложи 250 милиони евра во засилувања, но по 19 рунди во Премиер лигата, тимот се наоѓа на деветтото место на табелата.

Share
Scroll to Top