Почетино си ги бара 15-те милиони евра од ПСЖ

Почетино си ги бара 15-те милиони евра од ПСЖ

пред 2 години

Маурисио Почетино си ги бара „полните“ 15 милиони евра од Пари Сен-Жермен, кои се решија да го сменат, иако тоа уште официјално не е потврдено. Според „Гол“, преговорите за раскин на договорот се започнати и клубот се обидува ја намали сумата од 15 милиони евра, која би требало да му ја исплатат за плати во сезоната 2022/23.

50-годишниот Аргентинец одбива да го направи ова, бидејќи во таа сума се вклучени 3 милиони евра за неговите помошници Хезус Перез, Тони Хименез, Мигуел Д’Агостино и Себастијан Д’Агостино.

ПСЖ го ангажираа поранешниот менаџер на Тотенхем во јануари 2021 за да го заменат Томас Тухел, кому му дадоа отказ и покрај тоа што претходната сезона ги донесе до финалето на Лигата на шампионите. Најверојатен наследник на Почетино е тренерот на Ница, Криштоф Галтие, откако претседателот Насер Ал-Хелаифи потврди дека преговараат со Ница за трансферот.

Share
Scroll to Top