Почна „војната“ Гвардиола-Клоп: Ако на Ливерпул не им се допаѓа, нека одат на суд

Почна „војната“ Гвардиола-Клоп: Ако на Ливерпул не им се допаѓа, нека одат на суд

пред 3 години

Само што почна новата сезона во Премиерлигата, почна и „војната“ меѓу менаџерите на Ливерпул и на Манчестер сити, два клуба кои се меѓу фаворитите за титулата.

Овојпат прв со „удар“ почна Јирген Клоп, кој во петокот се „чудеше“ на скапите трансфери на Манчестер сити, Челси и Манчестер јунајтед, по што Пеп Гвардиола му советуваше да „оди на суд“ ако не му се допаѓа тоа.

Клоп посочи дека Гвардиола и Сити немаат „граници“ во трошењето, посочувајќи на нефер предноста која ја има Гвардиола, но доби одговор само дека Сити имаат предност поради добрите сопственици на клубот.

„Некои газди сакаат да заработуваат, некои газди не го сакаат тоа. И затоа не инвестираат во тимот, додека ние го правиме тоа. Претходно имаше еден или два клуба кои го правеа тоа. Сега тука е Челси со Абрамович и нашиот клуб со Шеик Мансур. Тие сакаат да инвестираат во фудбалот. Што е проблемот? И ние имаме граници со финансискиот ферплеј и ако на Клоп не му се допаѓа тоа, нека оди на суд. Го купивме Џек Грилиш, бидејќи продадовме фудбалери за 60 милиони фунти, така што потрошивме 40 милиони фунти. Пред повеќе години, кога Манчестер јунајтед освојуваа титули, тие трошеа повеќе од другите клубови. Се сеќавате на тоа? Тогаш Манчестер сити не можеа да го прават тоа бидејќи ги немавме сегашните газди“, изјави луто Гвардиола.

Share
Scroll to Top