По „летечкиот“ старт, Вила приземјена и од Саутемптон

По „летечкиот“ старт, Вила приземјена и од Саутемптон

пред 3 години

Откако ја започнаа сезоната со четири победи во низа, Астон вила се вратија во реалноста со втор пораз во низа, губејќи дома со 3:4 од Саутемптон, резултат кој не ја отсликува реалноста на мечот – до 90-та минута резултатот беше 1:4.

Гостите почнаа фуриозно и веќе во третата минута постигнаа гол, кој бизарно беше поништен од ВАР системот поради минимален офсајд. Јаник Вестергард во 20-тата минута стрелаше за 0:1 на асистенција на Џејмс Прауз-Ворд, кој потоа ги „уништи“ домаќините со два гола од слободен удар во 33. и 45. минута.

Дени Ингс во 58. минута зголеми на катастрофални 0:4 за домаќините, пред шест минути подоцна Тајрон Мингс да намали на 1:4. Во последните минути, Вила успеа да постигне два гола, прво преку Оли Воткинс од пенал во 92. минута од мечот, а потоа во 96. минута со удар од далечина на капитенот Џек Грилиш.

Со победата, Саутемптон се искачува на третото место со 13 поени, три помалку од лидерот Ливерпул, додека Астон вила паднаа на седмото место со 12 поени (но и натпревар помалку).

Share
Scroll to Top