По сензационалната елиминација од Купот – Реал испратиле подароци во Алкојано

По сензационалната елиминација од Купот – Реал испратиле подароци во Алкојано

пред 3 години

Фудбалерите на Реал Мадрид, во средата, сензационално беа елиминирани од Купто на Шпанија. Играчите на „кралскиот клуб“, беа поразени од членот на Третата лига, Алкојано по 120 минути игра со 2:1.

Ден по најголемата победа во историјата на клубот, играчите на Алкојано добија подароци од Реал.

Луѓето од славниот клуб и покрај елиминацијата си го исполниле ветувањето, на секој играч на Алкојано ми испратиле дрес.

Најбарани биле дресовите на Рамос, Бензема и Модриќ, по тројца играчи побарале да имаат дрес од овие фудбалски мајстори, двајца добиле дрес од Крос. Побаран бил и дрес од Куртоа, Валверде и Менди.

Share
Scroll to Top