По сите контроверзи, Италијанците ќе обучуваат „ВАР специјалисти“

По сите контроверзи, Италијанците ќе обучуваат „ВАР специјалисти“

пред 2 години

Италијанската асоцијација на фудбалски судии одлучи да организира обука на повеќе судии кои би станале „специјалисти за ВАР системот“ по големиот број на контроверзи во Серија А оваа сезона.

Досега повеќе одлуки предизвикаа контроверзи со „некоректното“ користење на ВАР системот, како недосудениот пенал за Андреа Белоти на мечот Торино-Интер, или постигнувањето на гол со рака на Дестини Удоџи за Удинезе против Милан.

Комесарот за судии на Италија, Џанлука Роки вели дека од следната сезона ќе биде подобро.

„Ако судијата со себе го има истиот став како на теренот, ќе направи грешка. Токму затоа ќе обучиме нова генерација на ‘варисти’. Ќе ги најдеме тие луѓе меѓу судиите кои веќе престанаа со работа и меѓу младите луѓе кои имаат вистински карактеристики. Ќе го учат европскиот модел“, вели Роки за „Калчомеркато“.

Share
Scroll to Top