Легендарниот кошаркар на Олимпијакос, Василис Спанулис се враќа во селекцијата на Грција по шестгодишно отсуство, пренесува порталот „Еурохопс“.
Информациите се дека 37-годишниот бек ќе се најде на списокот на селекторот Рик Питино во квалификациите за ОИ што ќе се играат во Канада.
Спанулис нема настап уште од 9. април кога во мечот од последното коло од Евролигата против Зенит, но информациите од Атина се дека ветеранот секојдневно тренира за да ја одржи формата и да е подготвен за стартот на подготовките со репрезентацијата.
Ривали на Грците на патот кон Олимпијадата идниот месец ќе им бидат селекциите на Кина, Уругвај, Канада, Чешка и Турција.