„Јувентус поради Роналдо се лоши во Лигата на шампионите“

„Јувентус поради Роналдо се лоши во Лигата на шампионите“

пред 3 години

Кристијано Роналдо, во последно време, му е омилена тема на Антонио Касано. Лошото момче на италијанскиот фудбал, по завршувањето на кариерата е активен во медиумите со своите коментари.

Во последно време омилена жртва му е Кристијано Роналдо. Касано смета дека Јувентус направиле грешка кога го потпишале славниот португалски фудбалер.

„Има да одработи уште една година од договорот. Јувентус го донесоа за да ја освојат Лигата на шампионите. Сепак, откако дојде Роналдо, тие ги бележат најлошите резултати во ова натпреварување. Освоија две титули во Серија А, но тие титули ќе ги освоеја и без Роналдо. Трансферот на Роналдо е голема грешка“, рекол Касано.

Share
Scroll to Top