Прво грен слем полуфинале за Пављученкова на Ролан Гарос

Прво грен слем полуфинале за Пављученкова на Ролан Гарос

пред 3 години

Руската тенисерка Анастасија Пављученкова (32. на ВТА листата) се пласираше во полуфиналето на грен слем турнирот Ролан Гарос. Таа го доби маратонскиот меч против Елена Рибакина од Казахстан (22. на ВТА) со 2-1 во сетови (6:7, 6:2, 9:7) по два ипол часа игра.

Тенисерките во првиот сет направија по еден брејк, но во поголемиот дел сетот беше израмнет, па мораше да се решава во тај-брејк. Рибакина беше поуспешна со 7-2 во овој сегмент од првиот дел.

Во вториот сет комплетно различна слика на париската земја. Русинката беше таа која го контролираше темпото, па со два брејка во своја корист лесно и брзо со 6-2 го однесе мечот во трет решавачки сет.

Таму уште во почетните неколку гемови двете тенисерки направија по 2 брејка, а мечот беше израмнет се до 7-7.

Тогаш руската тенисерка најпрво одвои гем на својот сервис, а во решавачките моменти успеа со брејк да се избори и за победа која и носи прво грен слем финале во кариерата.

Противник во борбата за финале ќе и биде Словенката Тамара Зиданшек за која исто така тоа ќе е прво полуфинале на еден грен слем турнир.

Share
Scroll to Top