Преговорите со Милан „запнале“, Чалханголу пред потпис со Јуве?

Преговорите со Милан „запнале“, Чалханголу пред потпис со Јуве?

пред 3 години

Преговорите на Милан со Хакан Чалханоглу заглавиле околу главната тема, парите, и Јувентус се подготвени да го добијат со слободен трансфер турскиот репрезентативец ова лето, тврди „Скај Спорт Италија“.

Според нивните извори, Чалханоглу уште не постигнал договор со Милан, кои му нудат нов договор вреден 4 милиони евра по сезона, а Турчинот сака еден милион повеќе (без бонуси), нешто што „росонерите“ засега не се подготвени да го дадат.

Договорот на Чалханголу со Милан завршува на крајот на сезоната, и според „Скај“, Јувентус се неговата прва опција бидејќи тој сака да остане во Серија А, иако за него се заинтересирани и Арсенал и Челси во Премиер лигата.

Share
Scroll to Top