Челси нуди 175 милиони евра за Халанд?

Челси нуди 175 милиони евра за Халанд?

пред 3 години

Европскиот шампион Челси сака уште ова лето на „Стемфорд Бриџ“ да го доведе норвешкиот голгетер, Ерлинг Халанд (20). Медиумите на Островот пишуваат дека „сините“ се подготвени да понудат дури 175 милиони евра за играчот на Борусија Дортмунд.

Тоа е сума која е за 100 милиони повеќе од цената на отштетната клаузула која ја има фудбалерот кај „милионерите“. Роман Абрамович, се чини, дека е свесен дека ова лето ниту еден клуб нема средства да понуди толкава сума пари за Норвежанецот, па сака да ги претрка потенцијалните конкуренти.

Информациите се дека раководството на Челси веќе разговарало со менаџерот на Халанд – Мино Раиола.

Во Борусија се свесни дека се работи за одлична зделка иако сигурно тешко ќе се одделат од играчот кој во 59 настапи во жолто-црниот дрес постигна дури 57 гола.

За потсетување, Халанд во Дортмунд дојде во 2020 година од редовите на РБ Салцбург за „само“ 20 милиони евра.

Share
Scroll to Top