Пред гостувањето на „Енфилд“, само реми за Тотенхем кај Палас

Пред гостувањето на „Енфилд“, само реми за Тотенхем кај Палас

пред 3 години

Тотенхем на Жозе Мурињо не успеа да го сочува водството на „Селхарст парк“ и на крајот мораше да се задоволи со 1:1 реми, по кое можат да го загубат првото место во Премиер лигата денеска, доколку Ливерпул ги победи Фулам. Во среда пак, Мурињо и Тотенхем гостуваат на „Енфилд“ во меч со многу очекувања.

Хери Кејн ги донесе Тотенхем во водство во 23. минута, откако неговиот удар од 30-тина метри го измами голманот Висенте Хуаита. Но, во второто полувреме, Тотенхем му остави премногу игра на Палас, кои конечно го искористија тоа во 81. минута, кога Џефри Шлуп постигна гол за 1:1. По ова следуваше вистинска опсада на голот на Хуаита, но тие успеаја да се спасат а поен.

Тотенхем остануваат први со 25 поени, сега само поен пред Ливерпул, додека Палас се на 11. место со 17 поени.

Share
Scroll to Top