Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се скарал со сопственикот на клубот, Ден Фридкин, кога дознал дека ќе добие отказ, а не бил добар ниту неговиот однос со неколку играчи на тимот на Рома, објавија денеска италијанските медиуми. .
Рома пред два дена го отпушти Мурињо поради лошите резултати, а Кориере дело Спорт објави дека Португалецот не очекувал ваква ненадејна одлука на сопственикот на клубот.
Според овој извор, Мурињо збеснал кога слушнал дека ќе добие отказ.
Фридкин го обвинил Мурињо за „одредени недостатоци“, а тренерот возвратил со спомнување на ветувања кои сопственикот на клубот не ги исполнил.
Весникот потврди дека Ден Фридкин размислувал да го отпушти Мурињо по поразот од Севилја на пенали во финалето на Лига Европа минатата сезона, како и по поразот од Џенова со 4:1 во септември.
Сопствениците никогаш не размислувале за можноста за продолжување на договорот со Мурињо по истекот на договорот во јуни, пишува весникот.
Челниците на клубот не биле задоволни од што Мурињо постојано ги обвинивал судиите, како и од неговите поплаки за трансфер стратегијата, вклучувајќи ја и фотографијата што ја објави на социјалните мрежи на која позира со членовите на стручниот штаб, оставајќи празно место за напаѓач, кого клубот допрва требаше да го потпише.
Исто така, Кориерер дело Спорт, пишува дека односот на Мурињо со одредени играчи не бил идеален. Тој наводно се скарал со Крис Смолинг во октомври и во текот на сезоната го исмејувал англискиот дефанзивец за неговата лоша физичка форма. Смолинг одигра три натпревари оваа сезона и сега би можел да се врати во тимот.
Од односот на Лоренцо Пелегрини наводно не бил задоволен ниту Мурињо, а со тренерот не се согласувале Леонардо Спинакола и Ренато Санчез.