Прекинато е грчкото првенство, судиите не сакаат повеќе да судат

Прекинато е грчкото првенство, судиите не сакаат повеќе да судат

пред 11 месеци

Грчките фудбалски судии, делегати и други функционери најавија бојкот на првенството, поради што натпреварувањето во лигата засега е прекинато. Причина за нивниот бојкот, велат, е фактот што работат во опасни услови. Судиите во Грција се честа мета на напади од навивачите, а некои се обвинети за корупција и вмешаност во местење натпревари.

Минатиот месец од хулигани во Атина беше нападнат судијата Андреас Гамарис. Пред неколку дена неговиот колега Тасос Папапетроу доби смртни закани поради неговите одлуки што ги носеше на еден натпревар. Челниците на Фудбалскит сојуз на Грција се уште не се огласиле по ова прашање.

„Грчките и странските судии се постојани мети и жртвени јарци. Добиваме закани, подложени сме на насилство, трпиме напади, физички и вербални, но сето тоа останува неказнето. Затоа одлучивме да не ги судиме натпреварите, почнувајќи од следниот викенд, додека не ни се гарантираат безбедни услови“, напишаа судиите во отвореното писмо до јавноста.

Share
Scroll to Top