КОВИД-19 е минато, Хамилтон ќе се трка во Абу Даби

КОВИД-19 е минато, Хамилтон ќе се трка во Абу Даби

пред 3 години

Луис Хамилтон доби зелено светло за учество на последната трка од сезоната, Абу Даби ГП откако имаше негативни тестови на КОВИД-19 во Бахреин и Абу Даби.

Светскиот шампион ја пропушти втората трка во Бахреин минатиот викенд, пропуштајќи трка првпат од дебито на Австралиското ГП во 2007 година, и на негово место беше возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, кој изненади со својата форма и само поради лошото менување на гумите во боксот му избега победата.

„Луис беше негативен на КОВИД-19 во средата пред комплетирањето на периодот на самоизолација и затоа патуваше во Абу Даби во четвртокот попладне, каде што повторно беше негативен. Ги исполни сите протоколи на ФИА и ќе биде дел од тркачкиот викенд“, се вели во соопштението на Мерцедес.

Ова значи дека Расел ќе се врати во тимот на Вилијамс, а неговата замена Џек Еиткен ќе остане без трка.

Share
Scroll to Top