Тренерот на Барселона, Чави во последен момент направи промена во составот за вечерашниот натпревар против Антверпен во Лигата на шампионите. Каталонското радио пренесува дека Чави по сугестијата на претседателот на клубот Џоан Лапорта, се откжал од првичната намера.
Шпанските медиуми пишуваат дека ова е сериозен преседан бидејќи досега во Барселона немало случаи во кои претседателот се меша во работата на тренерот и одредува кој ќе игра.
Чави претходно одлучи Роберт Левандовски, Роналд Араухо и Илкај Гундоган да останат во Барселона и да не патуваат во Белгија. Сепак, неколку часа подоцна, под притисок на претседателот на клубот, тој ја промени својата одлука. Лапорта му објасни на Чави дека сака тимот да биде заедно и во најсилен состав. Во Барселона остана само Френки де Јонг, поради настинка.
Барселона го обезбеди првото место во групата од Лигата на шампионите и по три години помина во нокаут фазата.