Пријателите го убедуваат Хабиб да не се пензионира

Пријателите го убедуваат Хабиб да не се пензионира

пред 3 години

Хабиб Нурмагомедов открива дека неговите блиски пријатели не се среќни со неговата одлука да се пензионира од УФЦ борбите и дека не можат да разберат зошто го направил тоа. „Орелот“ од Дагестан изјави дека победата над Џастин Гетџи во втората рунда на УФЦ 254 е негова последна и дека се повлекува со 29-0 скор.

Тоа беше прв меч по смртта на неговиот татко и ментор, Абдулманап, кој почина на 57 години во јули од КОВИД-19, и Хабиб откри дека ветил на својата мајка дека ова ќе биде негова последна борба.

„Тој меч беше како никој досега, и емоциите беа целосно поинакви. Без мојот татко беше сосема поинаку. Имав шанса да го одбијам мечот, но него направив тоа. Сега, на моите блиски кои не се задоволни од мојата одлука морам да им кажам дека и по 10 меча повторно ќе дојдеме на истото. Нема врска дали имам 32, 34 и 45 години. Ова е одлука со која се борам цел живот. Луѓето не можат да го разберат тоа, но што можам јас да направам?“, вели Хабиб.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт верува дека Нурмагомедов може да ја смени одлуката, бидејќи таа била направена емоционално, посебно бидејќи токму неговиот татко Абдулманап пред својата смрт изјавуваше дека Хабиб ќе оди во пензија со 30-0 скор.

Share
Scroll to Top