Каваи Ленард, најдобриот играч на Лос Анџелес Клиперс, ќе пропушти најмалку еден натпревар во полу-финалната серија со Јута Џез.
Резултатот во оваа серија е 2-2, двата тима ги добија натпреварите на домашен терен. Ленард се повреди во четвртиот меч, кога со 31 поен ги предводеше Клиперси до победата и израмнувањето на резултатот.
Според американските медиуми, Ленард го повредил десното колено.
Ленард сигурно нема да игра во петтиот меч од серијата, а според новинарот Брајан Виндхорс, под голем знак прашалник е неговиот настап до крајот на оваа серија.