Промоцијата на Варан во Јунајтед одложена поради „брегзит“?

Промоцијата на Варан во Јунајтед одложена поради „брегзит“?

пред 3 години

Иако веќе ги мина медицинските тестови, позираше на фотографите и зборуваше со медиумите на Манчестер јунајтед, промоцијата на Рафаел Варан по трансферот од 35 милиони фунти од Реал Мадрид ќе почека поради „бирократски причини“ поврзани со „брегзит“.

Англиските медиуми очекуваа францускиот дефанзивец денеска да биде промовиран во нов играч на „ѓаволите“, но засега тоа е одложено за барем 24 часа, тврди „Манчестер ивнинг њуз“.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер вели дека одложувањето доаѓа поради бирократски причини, но очекува тој да биде во составот за првиот меч од сезоната против Лидс овој викенд.

„Сега треба да се средат документите, знаете, поради брегзит и тие работи. Сакав да кажам дека се работи за глупости, но нема да зборувам политика“, изјави Солскјер за весникот.

Share
Scroll to Top