Пропаднаа сите обиди на Милан да донесат дефанивец

Пропаднаа сите обиди на Милан да донесат дефанивец

пред 4 години

Милан не успеа на последниот ден од преодниот рок да донесат засилување на одбраната, откако неколку дена се обидуваа да донесат централен бек, но на крајот спортскиот директор Паоло малдини не успеа да обезбеди потпис.

Денеска, последен фудбалер кој беше поврзуван со „росонерите“ беше 20-годишниот Мохамед Симакан од Стразбур, за кого понудија 12 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси, но францускиот клуб ја одби понудата иако беа договорени личните услови.

Попладнето исто така пропадна обидот да се договорат со Озан Кабак од Шалке, за на крајот Франческо Тоти, добриот пријател на Малдини, да им го понуди Антонио Ридигер, фудбалер кому му е агент, но Челси бараа превисока сума.

Со ова, тренерот Стефано Пиоли има само четири централни бека барем до јануари: капитенот Алесио Ромањоли, Симон Кјер, Матео Музакио и младиот Матео Габија.

„Росонерите“ овој преоден рок ги донесоа Сандро Тонали, Диого Далот, Јенс Петер Хауге, Сипријан Татарушану, Брахим Дијаз и Калулу Кјатенгва.

Share
Scroll to Top