ПСЖ веќе почнале да преговараат со Погба

ПСЖ веќе почнале да преговараат со Погба

пред 3 години

Пол Погба решил да не го продолжува договорот со Манчестер јунајтед и веќе се сретнал со првите луѓе на Пари Сен-Жермен за можен трансфер, тврди француското радио „РМЦ Спорт“.

Според нивните извори, агентот на Погба, Мино Рајола веќе се сретнал со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи во Ница пред неколку дена за да разговараат за можната соработка. Договорот на Погба со Јунајтед завршува во јуни 2022 година и тој наводно не бил заинтересиран да остане повеќе на „Олд Трафорд“.

„Ѓаволите“ се обидуваат да го убедат Погба да остане, но ако не успеат во тоа ќе се надеваат дека некој ќе плати 80 милиони евра за трансфер ова лето бидејќи во јуни 2022 тој ќе биде слободен агент. Претходно се веруваше дека Јувентус се најзаинтересирани за враќање на Погба во Торино, каде што играше од 2012 до 2016 година, можно во „трампа“ за Кристијано Роналдо.

Share
Scroll to Top