ПСЖ не се откажува од Мбапе – му нуди 160 милиони

ПСЖ не се откажува од Мбапе – му нуди 160 милиони

пред 8 месеци

Пари Сен Жермен не сака на лето да остане без ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе.

Иако веќе беше објавено од медиумите дека играчот ќе го напушти клубот на лето, тие се уште се надеваат дека ќе успеат да го убедат да се предомисли и да остане.

Така „Ле Парижен“ објави дека управата на клубот му понудила на Мбапе нов двегодишен договор според кој би заработил 160 милиони евра.

Очигледно неговата идеја сепак е да го напушти Париз и да стане член на Реал.

Мбапе, исто така, беше главна тема на маргините на ждрепката на Лигата на нации во Париз.

Новинарите имаа можност накратко да разговараат со првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи.

Сепак, тој не успеа да каже ништо конкретно за тоа каква ќе биде судбината на Мбапе.

Share
Scroll to Top