ПСЖ се намачи, но победи кај Порто, Флензбург едвај со реми со Мешков

ПСЖ се намачи, но победи кај Порто, Флензбург едвај со реми со Мешков

пред 4 години

Пред утрешното враќање на Вардар во ЕХФ Лигата на шампионите против фаворитот Кјелце, денеска се одиграа два меча од групата А, во кои Пари Сен-Жермен со камбек успеа да стигне до 31:34 победа на гости кај Порто, додека Флензбург во последните секунди избегна пораз и одигра 29:29 со Мешков Брест, пропуштајќи шанса да се искачи на првото место.

ПСЖ имаше кошмарно прво полувреме против Порто, во кое губеше со 16:12, пред Микел Хансен да го инспирира тимот до само втората победа во ЛШ оваа сезона. Данецот го заврши мечот со 9 гола, Лука Карабатиќ додаде 6, додека за Порто, Бранкињо и Силва да Борхес имаа по 4 гола.

Мешков пак, продолжи да изненадува со одличните игри оваа сезона, откако им зададе многу главоболки на фаворитите Флензбург, кои на крајот мораа да спасуваат 29:29 реми. Флензбург ја имаше контролата на мечот во поголемиот дел, но на крајот Франц Семпер мораше со гол во последните секунди да обезбеди 29:29 реми. Горан Согард Јохансен и Мариус Штајнхаузер имаа по седум гола за бундеслигашот, Семпер додаде шест, додека Марко Паниќ со седум гола беше најдобар за Мешков.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Флензбург – Мешков Брест 29:29 (13:11)

Порто – Пари Сен-Жермен 31:34 (16:12)

Табела: 1.Кјелце 9, 2.Флензбург 9, 3.Мешков 7, 4.Порто 6, 5.ПСЖ 4, 6.ВАРДАР 3, 7.Елверум 2, 8.Сегед 0.

ГРУПА Б

Алборг – Веспрем 27:33 (18:16)

ППД Загреб – Мотор Запорожје 20.15 ч.

Табела: 1.Веспрем 11, 2.Барселона 10, 3.Алборг 8, 4.Кил 7, 5.Нант 2, 6.Мотор 2, 7.Целје 2, 8.Загреб 0

Share
Scroll to Top