Пукна тиквата помеѓу Перез и Рамос, капитенот го напушта Реал

Пукна тиквата помеѓу Перез и Рамос, капитенот го напушта Реал

пред 3 години

Серхио Рамос, по завршувањето на сезоната, по 16 години, ќе го напушти Реал Мадрид, тврди „Ел Чирингито“.

Новинарот на овој медиуми, Џосеп Педрерол, вели дека Рамос ја одбил и последната понуда на Реал. Договорот на капитенот истекува по завршувањето на сезоната.

Откако ја одбил понудата, првиот човек на Реал, Флорентино Перез, му соопштил на Рамос дека клубот нема да смета на него наредната сезона, а фудбалерот му возвратил дека ќе го напушти клубот.

Педрерол тврди дека вака се одвивал разговорот.

„Ќе мораме да ја планираме сезоната без тебе“, рекол Перез, а Рамос му одговорил.

„Во ред, нека биде така“.

 

Share
Scroll to Top