Путин чека лично да му честита на Хабиб

Путин чека лично да му честита на Хабиб

пред 4 години

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне лично со непоразениот УФЦ шампион Хабиб Нурмагомедов да му го честита историскиот успех од 29 победи во низа во октагонот.

Во саботата, Хабиб го победи Џастин Гетџи во две рунди на УФЦ 254 во Абу Даби за третпат да ја одбрани титулата, по што објави дека се повлекува од борбите по трагичната смрт на неговиот татко и тренер Абдулманап Нурмагомедов, бидејќи тоа го ветил на својата мајка.

„Да, претседателот кажа дека сигурно ќе се сретне со Хабиб кога борецот ќе биде подготвен и ситуацијата со пандемијата нема да биде толку остра. Сигурно ќе се сретнат во блиска иднина“, вели портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

По мечот со Гетџи, Путин телефонски му се јавил на Хабиб и му ја честиал победата додавајќи дека „негов избор“ е дали ќе продолжи со борбите. Путин претходно минатата година им приреди пречек на Хабиб и на неговиот татко Абдулманап по мечот со Конор Мекгрегор, по што претседателот и покојниот татко на фајтерот се согласија дека тој не требало да одговара на провокациите.

Share
Scroll to Top