Пјаниќ не сака да си оди од Барса, го моли Куман: Дај ми шанса!

Пјаниќ не сака да си оди од Барса, го моли Куман: Дај ми шанса!

пред 3 години

Босанскиот фудбалски репрезентативец, Миралем Пјаниќ минатото лето од Јувентус се пресели во Барселона, но повеќе време поминува на клупата за резерви отколку на теренот.

Во последните месец и половина само на еден меч настапи во првиот состав, а на последните три средби не велегуваше ниту како резерва.

По ова тренерот на Барса – Роналд Куман му порача:

„Не играш затоа шти си ни небитен и поради тоа си на трансфер листа“.

Сепак, Пјаниќ не сака да си оди од Барселона и смета дека Куман треба да му даде вистинска можност.

„Не потпишав за Барселона за да си одам по само една сезона. Потпишав со цел да испишам историја во клубот кој е мојата цел во текот на целиот живот“ – изјави Пјаниќ за „Мундо Депортиво“.

Тој вели дека напорно тренира за да добие можност за докажување.

„Дојдов во Барселона за да ја освојам ЛШ. Сакам да и помогнам на екипата да освојува титули. Моето мото е никогаш да не се предавам. Никогаш не застанав со тренинзите. Куман не зборува премногу со играчите и знам дека мора да сум подготвен кога ќе одлучи дека сум му потребен. Го молам Куман да ми даде шанса да одиграм две или три средби во континуитет. Тоа е она што му треба на секој играч. Ја чекам својата шанса“ категоричен е Пјаниќ.

Share
Scroll to Top