Почнува Серија А, најнеизвесната лига во Европа – на стартот Пандев оди кај шампионот

Почнува Серија А, најнеизвесната лига во Европа – на стартот Пандев оди кај шампионот

пред 3 години

Преодниот рок во италијанската Серија А не донесе насмевки кај италијанските фудбалски вљубеници. Финансиската криза ги примора дел од клубовите да се откажат од некои од најголемите ѕвезди. Интер остана без Лукаку и Хакими, а Милан без Донарума – бомбастични трансфери немаше.

Сепак, се очекува Серија А да биде една од најнеизвесните лиги во Европа сезонава. Иако немаше големи трансфери кај играчите, рокади имаше кај тренерите.

Наместо Антонио Конте, во иднина Интер ќе го предводи Симоне Инзаги, а неговото место во Лацио го зазема Маурицио Сари. Во Јуве се враќа Масимилијано Алегри, а кормилар на Рома стана Жозе Мурињо.

И Гатузо доби отказ во Наполи, Елмас и другарите сега се под палката на Лучано Спалети.

Немаше промени кај тренерите на Милан и Аталанта – сигурна е позицијата на Пиоли и Гасперини.

Од повредните засилувања се наметнува она на Мануел Локатели од Сасуоло во Јувентус за 35 милиони евра, додека Хакан Чалханоглу им „заби нож в грб“ на Росонерите“, од Милан се пресели во Интер.

Утре од 18.30 часот се отвора сезоната, а нашиот Горан Пандев кој реши уште една сезона да ги брани боите на Џенова со својот клуб гостува во Милано, на нему позната адреса, кај шампионот Интер.

Во истиот термин Верона го пречекува Сасуоло.

Се очекува многу фудбалски шарм, тактика, добар и неизвесен фудбал.

Јувентус се наметнува како мал фаворит за Скудетото.

Share
Scroll to Top