Миралем Пјаниќ најверојатно во новата сезона ќе игра во Јувентус. За утре се закажани финалните разговори помeѓу претставниците на „старат дама“ и Барселона.
Претставниците на двата клуба треба да договорат дали Пјаниќ ќе биде позајмен или Барселона ќе го ослободи од оврските и како слободен играч ќе се пресели во Јувентус.
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина веќе ги договорил личните услови. Во Јувентус ќе заработува 5,5 милиони евра, што е за три милиони евра помалку од неговата плата во Барселона.