Пјаниќ спортист на годината во БиХ

Пјаниќ спортист на годината во БиХ

пред 4 години

Фудбалерот на Барселона и репрезентацијата на БиХ, Миралем Пјаниќ и кошаркарката Марица Гајиќ, се најдобри спортисти на Босна и Херцеговна во 2020 година.

Пјаниќ, прв пат во кариерата ја доби оваа награда. Пјаниќ, годинава со Јувентус четврти пат стана шампион на Италија, а по завршувањето на сезоната направи трансфер во Барселона.

Пјаниќ наградата ја однесе пред голманот на ракометниот клуб Фленсбург, Бенјамин Буриќ и кошаркарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ.

Гајиќ, ја предводеше кошаркарската репрезентација на БиХ, на која за „влакно“ ѝ избега пласманот на ЕП.

Share
Scroll to Top