Пјеро Ферари: Ф1 троши милиони на технологија, која потоа е „тајна“

Пјеро Ферари: Ф1 троши милиони на технологија, која потоа е „тајна“

пред 3 години

Пјеро Ферари, синот на Енцо Ферари и потпретседател на компанијата која го носи нивното презиме, го нападна Формула 1 шампионатот за трошење на милиони долари на развој на технологија, која потоа останува тајна.

Ферари вели дека многу од технологијата која се развива во Ф1 не се користи често на патеката.

„Неодамна зборував за тоа со Берни Еклстоун, со кого честопати се слушам на телефон. Формула 1 мора да биде спорт кој враќа на компаниите за шоуто кое ги забавува ентузијастите за спортот. Имаме многу брзи болиди со многу напредната технологија, но никој не знае за тоа. Секако, бидејќи многу од идеите се покриени со патенти. Трошиме страшни суми пари и потоа тоа останува тајна. Која е поентата на тоа? Исто така, сега во време на пандемија можеме да следиме Ф1 само на телевизија и иако ги имаме најбрзите болиди на светот, тоа што го гледаме на ТВ не дава чувство како да си таму, туку нешто сосема поинаку. Болидите возат 330 км/ч, а кога ги гледате исто како да гледате Формула 2. Не сум против технолошкиот развој, но тоа мора и да се гледа“, вели Ферари.

Share
Scroll to Top