Пјонтек даде гол во Серија А по 799 дена, Фиорентина победи кај Специја

Пјонтек даде гол во Серија А по 799 дена, Фиорентина победи кај Специја

пред 2 години

Полјакот Кшиштоф Пјонтек прво утна пенал, па го даде гол за Фиорентина по камбекот во италијанскиот фудбал, а Виола стигна до 1:2 победа на гости кај Специја за да го заддржи сонот за Европа.

Поранешниот фудбалер на Џенова и Милан, имаше совршена шанса за гол во 16. минута кога беше досуден пенал за гостите, но тој беше непрецизен од белата точка. Во 42. минута, тој се „поправи“ и постигна гол, негов прв во Серија А по пауза од 799 дена, кога во декември 2019 година даде гол за „росонерите“ во дуелот со Болоња.

Радоста за Виола траеше до 75. минута, кога одбраната на Фиорентина направи голема грешка, а Кевин Агудело ги „казни“ за 1:1. Џокер за Фиорентина беше Софјан Амрабат, откако Мароканецот во 89. минута постигна убав гол од далечина за победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top