Радоњиќ трчаше неверојатни 37 км/ч!

Радоњиќ трчаше неверојатни 37 км/ч!

пред 4 години

Монако вчера го совлада Марсеј со 3:1 во дербито на францускиот фудбал, но најинтересен момент за француските медиуми беше првиот гол на мечот, кој го постигнаа гостите преку српскиот репрезентативец Немања Радоњиќ, бидејќи пресметаа дека имал спринт од неверојатни 37 км/ч.

Бројката е зачудувачка, бидејќи светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Јусеин Болт во својата кариера имаше просечна брзина од 37.58 км/ч.

Share
Scroll to Top